Третмани за тело

Третман за тело

Антицелулитни масажи
Антицелулитната масажа е масaжа со посебна техника на работа со која се овозможува ослободување на заробениот (наталожен) целулит и помага во негово брзо елиминирање. Од многугодишното искуство докажано е дека рачната антицелулитна масажа е доста ефективен третман со сигурни и долготрајни резултати. Антицелулитната масажа има цел да ја израмни „портокаловата“ кожа на телото, која е проблем скоро на секоја жена. Антицелулитна масажа ја користи техниката на мануелната лимфна дренажа и притисок на деловите од телото кои содржат целулит. Со нејзина помош се подобруваат крвната и лимфната циркулација и целулитот се намалува или исчезнува за одреден период.Жените кои практикуваат годишно по една или две серии од по минимум 10 трeтмани со оваа масажа имаат значително помал проблем или воопшто го немаат целулитот. Не дозволувајте целулитот да биде пречка за поубав и поздрав изглед на вашето тело.

-Corpo-02, Sorisa апарат
Corpo e апарат наменет за третман на тела,како што се:
*Третман за дебелина и гојазност
*Третман за обликување на телото
*Третман за целулит,
*Третман за подобрување на циркулацијата
*Третман за затегнување на телото

Апаратот се состои од 9 типови на ниски и среднофреквентни струии комбинирани во горенаведените 5 програми. Секоја струја делува на одредено ткиво и структура. Почнувајќи од кожата, преку крвотокот и лимфата,поткожното масно ткиво,па се до мускулите.Секој програм е комбинација 2,3 или 4 струи. Исто така постои и програм во кој, може да се изврши слободен избор на струја, нејзина фреквенција и траење, со цел за подобри резултати.
Се препорачува серија од 10 третмана, секој втори ден.