Депилација со топол восок
Кога станува збор за топлата депилација, таа е многу ефетивна токму поради тоа што е топла. Топлината ги поттикнува порите и фоликулите на влакната да се отворат, со што полесно се отстрануваат влакната. Бидејќи топлиот восок се прилепува на влакната додека се суши, тој е многу ефективен во нивното отстранување, без да ја иритира вашата кожа.