Депилација со ладен восок
Редовната депилација со ладен восок ќе го намали растењето на влакната и депилацијата е поедноставна и брза. Добар е за сите видови кожа. Кај ладната депилација восокот е за една употреба. После депилацијата кожата се чисти со гел или масло, а потоа со крема за хидрирање на кожата.
Депилацијата со ладен восок се изведува според истиот принцип како и депилацијата со топол восок. Се нанесува на сува кожа, а потоа на восокот се лепат ленти од ткаенина кои се повлекуваат со еден потег.