Третмани за лице

Третмани за лице

ОСВЕЖИТЕЛЕН ТРЕТМАН со професионаланата козметичка линија на Dr.Temt.- Подарете му ја на вашето лице негата која ја заслужува!
Третман за лице погоден за секој тип на кожа!
Фази:
•Чистење
•Тонизирање
•Лифтинг
•Пилинг
•Маска
•Ултразвук
•Вакум
•Завршна крема
•Моделирачка масажа на лице

-КЛАСИЧЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ со професионаланата козметичка линија на Dr.Temt. Овој третман е хигиенски третман, наменет за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата. Придобивките од овој третман се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво. Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство. Третманот се препорачува како основен за понатамошно третирање на кожата.
Фази:
• Чистење на лицето со млеко за лице
• Тонизирање со тоник
• Пилинг за отстранување на мртвите келтки од површинскиот слој на кожата, нечистотиите и остатоците од шминка.
• Парење на лицето со Вапазон апарат.
• Отстранување на црнки, митесери и мозолчиња рачно со стискање.
• Маска за длабинско чистење на лице
• Дарсонвал апарат (за затворање на порите)
• Крем според типот на кожа
• Моделирачка масажа на лице