ЗА НАС

Во самиот центар на Штип, спроти градскиот саат, е сместен најдобриот македонски салон за убавина Divine.

Салонот постои од 08.10.2011г. и за овие 9 години ви обезбедивме максимум, се залагаме да обезбедиме подобри услови за нашите клиенти и самиот обем на работа ни наложи да се решиме за понов, поудобен, попријатен салон за вас.

Сега салонот Divine е на нова локација со поголема конфорност и вашите желби ви ги нудиме на дланка, само посегнете по нив и ке завладеете во светот на убавината. Во салонот работи стручен тим кој постојано се надградува со одење на семинари и саеми кој ги следи сите светски трендови во сите области опфатени во салонот.

Салонот располага со повеќе функции кои опфаќаат: третмани на лице, тело, маникир, педикир, шеќерна депилација, турбо солариум, професионална шминка, медицинска и антицелулитна масажа, вулкански камења, надградба на трепки, лифтинг и др.

Ние сме верни чувари на вашата убавина, затоа повелете ние сме секогаш тука за вас.

Закажете третман